
Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи, велат од Црвениот крст – Охрид.
Како гест на благодарност кон нив, а по повод Денот на крводарителството во Р. Македонија, Црвен крст Охрид на 18.03.2008 год. (вторник), со почеток во 13:00 ч., во хотел “Ривиера“, организира свеченост на која ќе бидат доделувани признанија на заслужни крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.
ohridnews












