Познатите охридски планинари Филип Василески – Четкар и Мишко Танески, успешно се искачија на врвот на планината Гросглокнер (Grossglockner) висок 3798 метри. Oвој врв е највисок во Австрија и меѓу највисоките на Алпите каде највисока точка е врвот Мон Блан.
Овој планински врв е исклучително тежок за искачување велат охриските планинари. Тие и покрај променливото време успеаја да го освојат Гросглокнер каде се наоѓа и најголемиот глечер во Австрија.
Филип Василески Четкар минатата година беше на суровите врвови Даинели на Аљаска, а во 2015 го освои највисокиот врв во Јужна Америка Аконкагва на Андите висок 6962 метри. Мишко Танески, пак, минатата година заедно со д-р Константин Георгиески се искачи на врвот Мон Блан висок 4.808,73 метри.
OhridNews














