„Под Тумбе Кафе“ Напредок стартува со три бодови предност пред Пелистер. Кичевчани не зависат од никого и во последната рунда им одговара реми со што ќе го обезбедат опстанокот во елитата.
– Со Дејан сме одлични другари, заедно ги направивме првите фудбалски чекори. Но, на теренот другарството ќе го оставиме на страна и максимално ќе се ангажираме за боите на клубот. Самите сме виновни што се доведовме до оваа ситуација во последното коло да трепериме за опстанокот во Првата лига – рече Маркоски.
Пелистер е во незавидна ситуација бидејќи за опстанок покрај победа над Напредок и треба реми или пораз на Дрита на мечот со Шкендија.
– Нашето другарство со Маркоски ќе го оставиме за после натпреварот, на теренот ќе мора да одиграме одлично без грешка за да победиме. Со мислите ќе бидиме на мечот помеѓу Дрита и Шкендија на кој не ни одговара победа на домашниот состав. Ние сме екипа која може да се носи со секој прволигаш, а тоа го покажавме на повеќе натпревари сезонава – потенцираше Лескароски.
Покрај натпреварите Пелистер – Напредок и Дрита – Шкендија ќе се одиграат Вардар – Хоризонт Турново, Работнички – Тетекс, Силекс – Ренова, Брегалница – Металург.