Охриѓаните Филип Трајкоски и Меритон Мерко ќе бидат дел од селекцијата под 16 години која под палката на селекторот Висар Ганиу во наредната недела дена ќе има миниподготовки во Дорјан.


Подготовките оваа репрезентација ќе ги искориси да се воигра пред турнирот кој под целосно покровителство на УЕФА ќе се одржи во Белград во Тренинг центарот на ФС на Србија во Стара Пазова од 13-21 Март 2012г.

Покрај домаќинот Србија на турнирот ќе настапат уште и Македонија, Албанија и Бугарија. Турнирите ќе се играат по принцип на две полуфинални средби, финале и натпревар за 3-то место.

М.П.