Деновиве Универзитетот “Св Кирил и Методиј” во Скопје ги додели наградите за најдобар студент во завршната година на студии во текот на учебната 2011/2012 на 6-мина студенти, од факултетите Архитектура, Економски, Правен, Филозофски, Филолошки и Факултетот за Музички уметности.
За најдобар студент на Филозофкиот факултет е прогласена охриѓанката Марија Филева, ккоја студира историја на уметност. Таа е ќерка на познатиот изработувач на охридски бисер Павел Филев.
Охриѓанка меѓу најдобрите студенти на Универзитетот “Св Кирил и Методиј”
Наградите, кои на најдобрите студенти им ги врачи ректорот на Универзитетот “Св Кирил и Методиј” Велимир Стојковски, ги овозможува фондацијата Франк Харкорд Манинг од Лондон, голем филантроп и пријател на Македонија, како поттик за најдобрите студенти од овие факултети.