Лумтурије Хоџа од Охрид го обвинила за злоупотреба и за насилство заменик-директорот на Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина, Нијаз Бајрамовиќ, пишува „Дневник“, повикувајќи се на информации објавени во сараевскиот весник  „Дневни Абаз.

 Хоџа, која, како што пренесува „Дневни аваз“, повеќе од 30 години работи како медицинска сестра во болницата во Охрид, обвинува во весникот дека таа била измамена од Бајрамовиќ, кој и зел пари наводно за лекување на членови на неговото семејство. Но, освен тоа, таа го обвинува и за насилство и за обид за грубо изнудување секс.

– Тоа се случи во текот на летово во Мостар. Тој во една пригода во неговиот мал стан грубо се обиде да имаме интимен контакт. Претходно ми ги зема парите што му ги ветив, но се налути зашто не стануваше збор за поголема сума. Парите му ги предаде некому пред врата и се повлече изненаден од мојата жестока реакција бидејќи го турнав – изјавила Хоџа за „Дневни аваз“.

Во шок таа се вратила назад во Македонија поради што го изгубила правото да го тужи по судски пат. Но за овој случај го запознала директорот на Агенцијата за безбедност на храна на БиХ, Сејад Мачкиќ, но не добила повратна информација за преземените мерки.

Таа ја предочила и електронската пошта што ч ја пуштал Бајрамовиќ од својот службен имејл, како и СМС, како доказ за нивниот однос. Со Бајрамовиќ се запознале во јуни 2008 година во Охрид кога тој службено престојувал во овој град.

Хоџа наведува дека ч нанел психичка штета поради што одлучила овој случај да го изнесе пред јавноста. Како што изјавила, нејзе ја погодило тоа што тој врши висока општествена функција. Бајрамовиќ за весникот изјавил дека немал никаков интимен контакт со Лумтурије, но потврдил дека се запознале во Охрид и оти од тогаш имале комуникација. Рекол дека му позајмила 150 конвертибилни марки како помош.

– Таа ме сакаше мене. Но нејзиниот физички изглед е толку лош. Таа жена има некакво психичко нарушување, а не знаев дека била и алкохоличарка. Ми дојде во Мостар пред неколку месеци, јас не сакав да излезам од работа. Еднаш дури бев принуден да побегнам од неа. Потроши повеќе стотини марки за мене на телефон, а јас за неа ни марка – изјавил Бајрамовиќ за весникот, наведувајќи дека се она што таа го кажала за неа е лага.

извор: „Дневник“