Вчеравечер,околу 23 часот и 40 минути во охридската Полициска Станица, Ј.З.(1955) од Охрид, пријавила дека во 23 часот нејзиниот сопруг, кој бил видно под дејство на алкохол почнал да тропа на влезната врата и откако таа ја отворила вратата, почнал да вика на висок тон, да упатува заканувачки зборови:„Ќе ве убијам, ќе ве заколам со ножеви, ќе ве запалам и тебе и синот“, а потоа почнал да ја превртува масата од дневната соба и да фрла со столици во масата со цел да ги крши.

Ваквиот однос траел една година, а во повеќе наврати Ј.З. била и физички напаѓана, но случајот не го пријавувала.

OhridNews
извор: МВР