СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55- годишна охриѓанка за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 10- ти минатиот месец, пријавената на булевар „Туристичка“, се сретнала со друго лице, со кого од претходно се познавала и побарала да и раситни банкнота од 500 денари. Откако си заминала, нејзиниот познаник се обидел да ја употреби банкнотата, при што било утврдено дека се работи за фалсификат.











