Охриѓанката Теодора Алексијоска, ученичка во прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“, го освои првото место на државниот натпревар за најдобар есеј на англиски јазик.
По тој повод ученичката Алексијоска со родителите и менторот Даниела Спироска беше поканета на свечено доделување на наградите и дипломите во Американската амбасада во Скопје. Наградите ги врачи амбасадорот Пол Волерс лично, кој во својот говор им честита на наградените и ја истакна својата воодушевеност од талентираноста на ученици. При тоа, пред присутните беа прочитани наградените есеи.
Претходно, Алексијоска, победи на регионалниот натпревар за избор на најдобар есеј на англиски јазик со тема „ Зошто е важно да се знае странски јазик“ во организација на Американскиот мировен корпус во соработка со ЕЛТАМ, со што се пласира во најтесниот избор.
OhridNews