На свечен собир во Друштвото на писателите на Македонија, вчера, беа врачени годишните награди на македонските книжевни преведувачи, со што беше одбележан и Светскиот ден на преведувачите – 30 Септември.
Меѓу наградените имиња на познати и признати професори и академици со долгогодишно искуство во областа на книжевното преведување, се најде и името на охриѓанката, младата професорка по англиски јазик и книжевност Ана Топенчарова.
Топенчарова ја доби наградата “ Златно перо за 2011” за преводот од македонски на англиски јазик на романот „Тимотеј и Лидија“ на Ташко Ширилов од едицијата „130 тома македонска книжевност“, објавена на англиски јазик.












