На Анастасија ова и беше прв натпревар по успехот на „Guitar -art“ што се одржа во Белград во февруари годинава, а севкупно шесто последователно признание во меѓународни рамкии.
На фестивалот на кој одличен успех остварија и учениците од ОМУ „Методи Патче“, каде Анастасија започна да музицира, учествуваа млади музички таленти од земјите на Балканот.
Инаку Анастасија е ученичка во прва година во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје во класата на професорот Дарко Багевски, а пред тоа го заврши нижото музичко училиште во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид во класата на професор Александар Крстаноски.