Членот на охридскиот стрелачки клуб, Нина Балабан отпатува во Москва, Русија каде на Европското првенство ќе ја брани македонската чест.

Спортска биографија Нина Балабан
Родена 02.11.1995 во Охрид,
О.С.У “Св. Климент Охридски” Охрид
_____________________________________________________________
- Член на Стрелачки клуб ОХРИД од Февруари 2009 год.
- Член на Репрезентација на Република Македонија.
- На 09.06.2009 г. во Национална програма со воздушна пушка во Прилеп резултат од 174 кругови со освоено второ место;
- На куповите со возд. пушка во нац. програма освоено е второ место, сребрен медал
- На 21.06.2009 г. државен натпревар со 181 кругови, на кој е освоено прво место – златен медал и исто така екипно 495 кругови, прво место.
- На 29.11.2009 г. на училишниот натпревар постигнат е резултат од 159 круга со освоено второ место – сребрен медал
- На 15.11.2009 г. во меѓународна програма одржан е осми куп на кој резулататот изнесува 361 кругови
- На 01.11.2009 г. одржано е натпреварување во Врање каде се постигнати 545 кругови и освоено второ место
- На последниот меѓународен куп во 2009 одржан на 06.12.2009 резултатот изнесува 377 кругови со заслужено второ место за цела 2009 година.
- Но на 10.12.2009 г. во Белград беше одржано интернационално првенство на кое резултат изнесуваше 372 кругови и Гран При на Белград со освоени 377 круга и постигната минимална олимписка норма
- На 31.01.2010 г. одржан е првиот куп за 2010 година каде постигнатиот резултат изнесува 344 круга со освоено трето место
- На 07.02.2010 г. одржан е вториот куп со освоен резултат од 370 круга и заслужено второ место
- На 16.02.2010 г. во Косово одржано е натпреварување на коерезултатот е 363 круга со освоено трето место и бронзен пехар.
- На 21.03.2010 г. одржан е третиот куп со резултат од 369 круга и освоено прво место
- На 11.04.2010 г. одржан е четвртиот куп во Скопје со резултат од 365 круга и освоено прво место
- На 18.04.2010 г. одржан е петтиот куп во Скопје со освоен резултат од 370 кругови и заслужено прво место
- На 08.05.2010 г. одржан е шестиот куп во скопје со постигнат резултат од 373 кругови и освоено второ место
- На 09.05.2010 г. во Врање постигнат е резултат од солидни 368 кругови
- На 24.10.2010 г. одржан е купот во Прилеп со освоени 377 круга и второ место
- На 13.11.2010 г. одржан е купот во Скопје со освоен резултат од 370 круга и освоено второ место
- На 19.02.2011 г. во Приштина е достигнат највисокиот личен резултат од 381 кругови со заслужено второ место и сребрен пехар
- На првиот куп во Прилеп одржан на 26.02.2011 г. освоени се 373 круга и второ место
- На 03.12.2011 г. во Загреб е постигнат резултат од 376 кругови со постигната минимална олимписка норма
- Но на 10.12.2011 г. во Белград беше одржано интернационално првенство на кое резултат изнесуваше 372 кругови и Гран При на Белград со освоени 373 круга
- 14.02.2012 година одржано европско првенство во Финска со резултат од 350 круга
- 20.05.2012 г. во Сандански Р.Бугарија освоено прво место со резултат од 386 круга
- На тромечот во Охрид (Македонија, Србија и Бугарија) освоено второ место
- По повик на Српскиот стрелачки сојуз на Србија како единствен претставник на Македонија, учествував на “Walter” – купот во Кевелер, Германија 390 kruga
- На Пирин-купот во Благоевград, Бугарија со 394 круга освоено прво место
- Државен првак за 2012 година
- На турнирот во Прилеп за 11 Октомври со 587 круга освоено прво место во женска категорија а второ место во апсолутна категорија на такмичење мажи и жени, јуниори и сениори во не соодветна дисциплина 60 АП
- На Белградскиот „Интернационален“ турнир со 383 круга освоено 70 место, а наредниот ден на 16.12.2012 г. на меѓународниот турнир „Гранд При Белград“ со испукани 391 круга освоено 39 место
- Контролен натпревар Скопје 27.01.2013 g. I место 380 круга
- На 27.01.2013 г на Мегународниот турнир во Врање по повод на ослободувањето на Врање од турското ропство освоени 381 круга и златен медал во јуниори и пехар за трет најдобар резултат во апсолутна категорија.
- I куп Меѓународна програма16-17.02.2013 г. Скпопје 402,2 круга (државен рекорд)
- II куп Меѓународна програма освоено прво место и нов рекорд
- III куп Меѓународна програма освоено прво место
- ЕП Оденсе Данска 27.02.2013, 57 место 405,5 круга ( нов држ. рекорд)
- По повод 11ти Октомври на турнирот во Прилеп освоено прво место
- На Белградскиот „Интернационален“ турнир со 405 освоено 17то место во јунорска категорија
- На Медитеранските олимписки итри во Мерсин, Турција освоено 11-то место
- На Илинденскиот турнир прво место во севкупна конкуренција ( мажи и жени ) со повторно соборен нов рекорд 408,2 кругови
- На финалниот меч по повод 08.09.2013 освоено прво место
- 16.10.2013 IV куп на Македонија освоено прво место
- V куп на Македонија освоено прво место
- VI куп на Македонија освоено прво место и признание за државен првак и рекордер на Македонија
- На 26.01.2013 г на Мегународниот турнир во Врање по повод на ослободувањето на Врање од турското ропство освоени 391 круга и златен медал во јуниори и пехар за најдобар резултат во апсолутна категорија.
- 30.01.2014 – прогласена за Амбасадор на ИОК;
- 07.02.2014 Најдобар спортист за 2013 во Охрид;
- 22.02.2014 I место на I – Куп вo 2014 на МССФ со 406 круга.
Мх.П.










