Младата талентирана пијанистка Ивона Базгалоска од Основното музичко училиште ” Методи Патче “, синоќа настапи на завршниот концерт на добитниците на специјална прва награда на третиот Државен натпревар на млади музичари, кој се оддржа во Даут Пашиниот амам во Скопје.

Концертот беше во организација на Здружението на директори на музичките и балетските училишта на Македонија ” Хармонија МБ”.

Ивона Базгалоска е добитник на врвни награди на Државните и Меѓународни натпревари во класата на проф. Даниел Чуркоски.

OhridNews