Доказ дека Охрид е расадник на млади музички таленти е и 21- годишната флејтистка, охриѓанката Даниела Петкоска, студент во втора година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, добитник на бројни награди на натпревари во земјава и странство.
По завршувањето во основното музичко училиште во Охрид, Даниела своето образование го продолжила во средното Државно музичко училиште во Битола кај професор Александар Стефановски. Во текот на нејзиното школување Даниела има учествувано на многу културни настани во Македонија,соло рецитали и концерти.Во 2011 година како солист има учествувано за прв пат со Македонската Филхармонија.
Има освоено први специјални награди како солист и први специјални награди по камерна музика. Во 2012 таа ја добива првата специјална Награда во категоријата за флејта и третата на Competition of the United Music and Dance Teachers of Macedonia.
Една година подоцна е победник и во категоријата за флејта на XV „Сусрети флаутиста “Тахир Куленович” во Ваљево (Србија). За прв пат во Македонија ја изведува Хју фантазијата за флејта со Симфонискиот Оркестар на ФМУ,под диригентската палка на Маестро Саша Николовски-Ѓумар.
Даниела ја има посетувано класата на професор Матеј Зупан во Словенија,како и на професор Дејан Гаврич во Србија,а има учествувано и на семинарите на Клаудио Ферарини и Рафаеле Тревисани во Италија,еден од најдобрите професори по флејта во Европа.
OhridNews