За пласман во натпреварот за златен медал фудбалерките на Единство предводени од Крстаноска го елиминираа есенскиот првак, Билјанини Извори.
– По елиминацијта на Билјанини Извори апетитите драстично пораснаа. Во финалето ќе се сретниме со тимот на Младост, кој е составен од доста искусни фудбалерки. Добрите резултатите кои ги остваривме сезонава ни даваат голема надеж за освојување на вредниот пехар – рече Крстаноска.
Капитенот на У 17 селекцијата, која триумфираше на турнирот под капата на УЕФА ќе дебитира во финалето од Купот и се надева на прва среќа.
– За мене ова е прво финале и се надевам дека ќе го крунисам со освојување на златен медал. Ние имаме квалитети само ќе треба да ги покажиме на теренот и на крајо ние да бидиме тие што ќе се радуваат на пехарот – заврши Крстаноска.
Финалниот натпревар се игра во Пробиштип со почеток од 17:30 часот.