Охриѓанката Симона Крстаноска беше стрелец на четири погодоци во победата од 5-1 на ЖФК Единство против Билјанини Извори во полуфиналето од Купот на Македонија.


Есенскиот првак во Првата лига, Билјанини Извори неочекувано на домашен терен претрпе убедлив пораз 5-1 во првиот натпревар од 1/2 финалето.


За пласман во финалето од Купот на Македонија на охриѓанките им треба чудо на реванш натпреварот, кој се игра за една седмица на теренот од Единство.

Мх.П.