Охриѓанката Маја Каралиева е еден од добитниците на стипендија од дневниот весник „Нова Македонија“, за студирање на Високата школа за новинарство и односи со јавност, пренесува „Нова Македонија“.

Како што објави овој медиум, наградите за најдобрите медиумски производи од средношколскиот конкурс „Изрази се преку медиумите“ биле доделени во текот на вчерашниот ден.

Стипендистите на објавениот конкурс учествувале со едноминуте видео-запис и текст на тема „Можеш да приднесеш! Активирај се и помогни во заедницата“.

Инаку, Каралиева е матурантка во охридското средно училиште „Св. Климент Охридски“.

OhridNews