Нa државната олимпијада пo хемија, што во организација на приватниот колеџ „Јахја Кемал“ се одржа деновиве во Скопје,  ученичката од VIII одделение во О.У. „Св. Климент Охридски“,  Марија Симоноска, го освои третото место.


Во конкуренција од 133 ученици, Марија се пласира веднаш зад победничките на натпреварот, кои со ист број бодови го поделија првото место.


Овој успех на младата Марија е голема гордост на  ОУ „Св. Климент Охридски“, информираат од училиштето.

OhridNews