– Ова ни беше втор ваков турнир за еден кратој период. На првиот во Хрватскасо една победа и едно реми го освоивме второто место. На турнирот што се одржа во нашата земја влеговме мотивирани и со една единствена цел да го повториме и подобриме успехот од турнирот во Хрватска. На трите натпревари кои ги добивме на турнирот се покажавме во одлично светло и го остваривме посакуваниот резултат – рече охриѓанката Симона Крстаноска.
Крстаноска со три голови на турнирот беше најдобар стрелец и капитенски ја предводеше Македонија до првото место.
– Сите сме задоволни, ни се врати вербата дека можеме да победуваме. Сигурно дека тука нема да застанеме туку се надеваме со добри подготовки во наредниот циклус квалификации ќе бидеме уште подобри – вели Крстаноска.
Но, таа ги става во втор план индивидуалните пред репрезентативните успеси, кои се исполнувањето на сонот на секој спортист.
– Јас сум капитен на селекцијта и една од фудбалерките на кои паѓа товарот во текот на мечот. Кога ќе постигнам погодок, а селекцијата триумфира тогаш само небото е граница на мојата неизмерна радост – заврши Крстаноска.
Охриѓанката на клупски план стандардно и успешно настапува во тимот на „Единство“ и во мртва трка се со охридскиот фудбалски клуб „Билјанини Извори“ за титулата во македонскиот шампионат.