Оваа награда Славица Танеска ја освојува по трет пат. Таа е најмладиот освојувач на првата награда во 2009 година, а исто така и со најмногу освоени први награди досега на оваа престижна манефестациа во сите дисциплини во кои се доделуваат награди. Нашата сограѓанка Славица Танеска досега има учествувано на неколку ликовни колонии за возрасни, а меѓу првонаградените беше и на годинешниот ликовен конкурс распишан од страна на Здружението на граѓани Богојавление.
Славица на 12 години ја направи првата самостојна изложба во Центарот за култура ” Григор Прличев” Охрид за која OhridNews информираше. Учесник е и на повеќе групни изложби за возрасни.
Наредната година предвидено е да се организира и нејзината втора самостојна изложба која многумината обожаватели и љубители на сликарската уметност нестрпливо ја очекуваат.