Со време од (1.44.29.93) унгарецот Тамаш Наги е победник на 26-то издание на охридскиот Атлетски маратон 2012 година кој се одржува по повод националниот празник на независноста на Македонија 8 септември.


Патеката беше одлична малку и тешка. На почетокот влегов тактички не форсирав и ја чував силата за финишот на трката. На 2/3 од патеката осетив дека можам да им избегам некоја минута тогаш малце го засилив темпото и на крајот само рутински ја зарвшив трката – посочи победникот на 26-то издание на охридскиот маратон Тамаш Наги.


Втор целната рамнина со време (1.48.18.87) ја помина трократниот победник на охридскиот маратон Велемир Бојовиќ додека тројката на пиедесталот ја комплетираше вториот унгарец Тамаш Олах со време (1.52.38.90).


Не сум задоволен од пласманот на втората позиција. Во Охрид дојдов да победам, меѓутоа Тамаш беше поспремен од мене и ме совлада. Неколку месеци на планина се припремав за овој маратон, но можеби и аклиматизацијата си го направи своето. Наредната година ако сум здрав ќе дојдам во Охрид за да го освојам првото место – рече Бојовиќ.


Дека спортот ги поместува сите граници покажаа македонските натпреварувачи Јовица Ристовски и Кокан Ајановски кои заедно гушнати влегоа на целта. Четврто пласиран заврши Ристовски додека петтото место му припадна Ајановски.


– Заедно тренираме, еден до друг ја започнавме трката цело време го држевме истото темпо и затоа решивме во финишот да влеземе заедно – истакна Ајановски по завршувањето на трката.

По неколку непојавувања на стартот меѓу кои и рекордерката Ава Суботиќ во женска конкуренција триумфираше охриѓанката Јована Целеска со време (3.25.35.43), второпласирана е Ивана Младеновска (3.30.08.16).


– Чест и задоволство ми преставува што победив на атлетскиот маратон во Охрид. Прв пат го трчав охридскиот маратон во Охрид и нногу ми е драго што го зачинив со прво место – потенцираше победникот кај дамите, Целевска


Најмладиот учесник на трката тринаесет годишниот Климент Лазарески од Охрид, делницата Свети Наум – Охрид ја помина за (3.25.34.74) завршувајќи на 33-та позиција.

Михаил Постоловски