Актуелниот лидер во женскиот шампионат “Билјани Извори“ не се закити со награда на завршната церемонија на фудбалска федерација на Македонија.


За најдобра фудбалерка во домашното првенство беше прогласена Гентјана Рочи од екипата на Наше Такси додека најдобар тренер беше избран Кирил Изов од тимот на Младост.

Наградата за најдобар стрелец замина во рацета на Виолета Спировска од Наше Такси, а најдобра фудбалерка во странство е Наташа Андонова.

Мх.П.