Сопствениците и вработените во земјоделските аптеки, велат дека иако сезоната за садење на сезонско цвеќе е започната, интересот за семе и садници е многу мал.
– Последниве неколку години, значително е опаднат интересот за садење на цвеќиња, па и оваа пролет не очекуваме нешто да се промени. Семе и садници за цвеќе купуваат само оние жени кои што имаат имаат повеќе време и место за одгледување. Најчето работиме со жените од постарата генерација и пензионерките, а додека пак вработените и младите домаќинки ретко доаѓаат кај нас, велат тие.
Цените на семенскиот материјал за цвеќиња низ охридските земјоделски аптеки и оваа година се движи од 25 до 60 денари за кесичка. Садниците може да се купат по најразлични цени, кои најчесто се формираат во зависност од видот на цвеќето, а може да се набават и во некоја од поснабдените цвеќарници.
Најпродавани сезонски цвеќиња се ниските цвеќиња кои растат од 10 до 20 санитиметри, како што се љубичиците, петуниите, џунџулињата, и други.