По воведниот триумф на гостувањето во Кочани, охриѓанки утре на домашен терен ја пречекуваат екипата на Истатов. “Белите“ се оптимисти во пресрет на мечот во кој влегуваат како фаворити.


– Очекувам нов триумф, тренираме и напорно работиме, поискусна екипа сме и мислам дека тоа и тоа како ќе придонесе. Две години од кога го започнавме ова наше “патување“, акумилиравме  доволно искуство и смета дека тоа ќе дојде до израз оваа сезона – вели капитенот Марија Савеска

Женскиот фудбалски клуб “Билјанини Извори“ кој втора година во низа се натпреварува во лигата очекува сезонава да направи резултатски исчекор и шампионатот да го завршат во врвот на табелата.

– Атмосферата во тимот е на високо ниво и очекуваме да славиме на домашен терен. На првиот натпревар против екипата од Коцани забележавме значајна победа, која беше потребна за да се подигне формата и атмосферата во тимот. Сезоната е долга и напорна, но девојките се спремни да показат колку знаат и умеат и се надеваме дека бидеме во горниот дел од табелата – смета Рада Шолакоска.


Целта на охридскиот клуб е во преку натпреварувањете да постигне едно зближување со клубовите кое би се развило со текот на шампионатот.

– Покрај спортскиот карактер, надигрувањето на спортскиот терен, сакаме да шириме пријателства со клубовите од нашата држава. Фудбалерките на Истатов кои ќе пристигнат уште денес, ќе бида наши гости викендов и сакаме да оствариме добри односи со сите клубови во лигата – вели претседелот на клубот “Билјани Извори “ Јовче Попоски.

Натпреварот Билјанини Извори – Истатов се игра утре со почеток во 10 часот.

М.П.