Охриѓанки во последно време се почесто обрануваат внимание на својата надворешна убавина и негата на своите лице, коса и тело го препуштаат на професионалци. Освен помладите, за кои  козметичките третмани претставуваат следење на совремните трендови, за негата на својот надворешен изглед се почесто се грижат и повозрасните охриѓанки.

-Посетувањето на салоните за убавина, повеќе не е луксуз како што беше во минатото затоа што во Охрид сега има козметички салони во голем број. Цените се пристапни и според мене секој може да си дозволи еднаш месечно да си направи третман на лицето, маникир, педикир и нешто друго што значи основна нега, вeли една повозрасна охриѓанка која ја затекнавме во еден  современ салон за убавина во Охрид.


И вработените во салоните се задоволни од интересот што припадничките на понежниот пол, го покажуваат за козметичките третмани.

-Интересот од година во година е се поголем. Најбарани ни се депилациите, третманите за нега на нокти и стапала, надградбите на нокти, потоа солариум третманите, негата на оштетена коса и основните третмани за лице. Во последно време се поголем интерес имаме и за третманите за тонизирање на телото и за слабеење. Исто така солиден интерес има и за различните видови масажи на тело, велат од неколку салони за убавина во Охрид.

Од таму објаснуваат дека третманите може да имаат убав и ефект само доколку жените си пружаат и секојдневна нега на лицето и телото.


-Кожата е во најдобра форма во дваесетите години, во овој период  жената треба да открие каков тип на кожа поседува и да започнете со користење на козметички препарати. Првите знаци на оштетена кожа се појавуваат во триесетите години , затоа тогаш треба да практикуваат витамински креми. Жените во четриесетите години мораат да користат хидратантна крема со интезвно дејство и тоа два пати дневно, советуваат професионалните козметичари.

Тие нагласуваат дека  негата на кожата не треба да биде само однадвор и дека жените кои сакаат да имаат убава кожа треба да се заборават на пушењето, треба здраво да се хранат и да пијат многу течности.


-Покрај лицето многу важна е и негата на телото , со соодветни пилинзи , купки, ласиони и кремови. Тоа е  особено важно пред почетокот на летото, кога телото, преку летната облека ќе биде се повидливо, препорачуваат козметичарите.

Инаку голем дел од салоните за убавина во Охрид, кои успеавме да ги посетиме нудат посебни пакети за нега на лице и на тело, а голем дел од нив имаат големи сезонски попусти на сите третмани, а нудат и пониски цени за редовните клиенти.

OhridNews