Долгата пауза поради неизвесната иднина клубот не остави никаков белег врз фудбалерките на “Билјанини Извори“. Тие на домашен терен ја декласираа екипата на Речица со 7-0.

Со три погодици предводникот на фудбалерките беше Накшије Кривањева, додека останатите четири погодици беа дело на Милка Голубовиќ, Радица Дукова, Катерина Милеска и Мартина Глигорова.

Убедливата победа во шампионатот е загревање за мечот со Победа во Купот на Македонија. Се игра еден натпревар, а домаќин е тимот на “Билјанини Извори“ в петок во 13 часот.

Мх.П.