Охридската фудбалска школа за женски фудбал  “Билјанини Извори“ го освои третото место на завршниот турнир од натпреварувањето кое во организација на ФФМ се одвиваше во текот на целата година.


Во склоп на проектот за развој и популаризација на женскиот фудбал во организација на ФФМ, учестувуваа 12 Женски Фудбалски Школи.


Охриѓанки во малото финале беа подобри од  ЖФШ М.Брод со резултат 3:1 и го освои третото место.


Во битката за шампионскиот трофеј екипата на ЖФШ Битола во финалето кое се одигра во Македонски Брод ја совлада екипата на ЖФШ Струга со резултат од 3-1 и се промовира во прв шампион во конкуренција на женските фудбалски школи.


Пехарите за најдобрите екипи ги доделија градоначалникот на М.Брод, Милосим Војнески и Претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески.


Проектот и во иднина ќе се развива со помош на ФФМ која покрај на организациски план ги помогна екипите и со опрема и реквизите за непречено функционирање.

Ohridnews