Охридскиот режисер на привремена работа во Романија, Илија Пиперкоски, деновиве го заврши снимањето на најновиот филм, првиот од трилогијата на краткометражни ( road movie ) филмови кои меѓусебно се поврзани и ќе направат еден среднометражен филм. Во трите филмови се зборува за еден ист настан кој се доживува различно (трилер, комедија и драма). Во секој од нив, покрај лажните надежи и соништа на ликовите, како содржина се зборува и за пост – комунистичкиот систем во Романија кој сеуште не е завршен без разлика на тоа што Романија е во Европската Унија.
Продуцент и режисер на филмот е Пиперкоски, а сценаријата се на двајца млади талентирани романски сценаристи Мируна Василеску и Александру Иванеску. Филмот се вика “Chef de Chef” – “Луда Забава”. Филмот ќе биде снимен во стил на “Nouvelle Vague” (“Новиот Бран” или Кинематографија на Минимализмот), стил во кој е работен романскиот филм “4 месеци, 3 недели и 2 дена” кој триумфираше на канскиот фестивал.
сцени од новиот краткометражен филм на Пиперкоски
Во филмот глумат неколку актери од новата романска генерација. Премиерата на филмот се очекува да биде во ноември на некој од европските филмски фестивали.
Езерото повторно ги спојува стиховите, јазиците и душите на поетите од трите свои брега – Струга, Охрид и Поградец Денес со почеток во 11 часот, во Фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновц...
Променливо облачно со сончеви периоди Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Во Охрид времето денес променливо ...
Бродовите Александрија 1 и 2 во недела, 20-ти септември, по повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“ ќе пловат до манастирот во Калишта по симболичн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.