Охриѓанецот Александар Петрески објави уште една инструментална композиција од неговиот серијал „Calmness“. Oва е шестата композиција инспирирана од Охридското Езеро.
Традиционално секоја година компонирам по една инструменталка и еден видео спот за истата. Мојата љубов кон Охрид е бескрајна, а ова е само еден дел од неа. Како и во секоја композиција од серијата „Calmness“ и во оваа, музиката има цел да ја претстави мирнотијата на Охридското Езеро, звукот и ритамот на ситните утрински бранчиња, кои полека ја будат природата и ја водат во новиот ден, вели Петрески.
Целокупната аудио и видео продукција се дело на Петрески.
OhridNews












