На 11.02.2026 во 12:30 часот на магистралниот пат Струга-Подмоље, во близина на Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 42-годишна охриѓанка.
При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувала и било констатирано дека има активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга, посочуваат, ќе поднесе соодветна пријава.
OhridNews













