Во рамки на завршната конференција на проектот „Економско зајакнување на ранливите категории жени во Северна Македонија“ подржана од Амбасадата на Република Словенија и Министерството за надворешни работи на Словенија, се одржа инспиративна и практична работилница со познататата мејкап артистка од Охрид, едукаторот Мери Бајрамовска посветена на стекнување конкретни вештини од областа на шминкањето.

Преку практична работа, совети и директна комуникација, учесничките имаа можност да научат нови техники, да ја зајакнат својата самодоверба и да направат чекор поблиску до професионален ангажман.

Работилницата беше уште еден доказ дека кога знаењето се споделува со срце и професионалност – се создаваат реални можности, вели Бајрамовска.

Со овие прекрасни жени работевме практично, споделувавме техники, искуства и многу позитивна енергија. За мене, најважно беше секоја од нив да замине со повеќе самодоверба, ново знаење и чувство дека може и заслужува повеќе. Ваквите средби ме потсетуваат зошто го сакам ова што го работам – затоа што шминката не е само изглед, туку начин една жена да се почувствува силна и сигурна во себе, посочува Бајрамовска.

Упати благодарност до Занаетчиската комора на РСМ и Амбасадата на Република Словенија за можноста да биде дел од оваа приказна, и до сите учеснички за довербата и инспирацијата.

Воедно посочува дека ја имала можноста да ја нашминка сопругата од Амбасадорот на Словенија Елвира Златиќ Прескер која и била модел на завршната конференција.

Продолжуваме да создаваме убавина – одвнатре кон надвор, додава Бајрамовска.

OhridNews