Одбојкарите на Бразил и Русија ќе играт во финалето од Олимписките игри во Лондон.

Бразил до финалето стигна откако со максимални 3-0 ја совлада Италија, додека Русија по долга борба ја совлада Бугарија со 3-2.

Финалниот меч се игра на 12 август во 14 часот. Златната медаља освоена во Пекинг ја брани селекцијата на Бразил, додека Русија тогаш беше бронзена.

Ohridnews