Фудбалската репрезентација на Бразил во второто коло од олимпискиот турнир со пресврт 3-1 ја совлада Белорусија и обезбеди пласман во понатамошните натпревари.

Вториот минимален пораз од Хондурас со 1-0, значеше крај за репрезентацијата на Шпанија која во пресрет на последната рунда нема ни теоретски шанси за пласман понатаму.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс се запиша во листата на стрелци за Велика Британија со погодокот во триумфот од 3-1 против ОАЕ.