Во неизвесен финиш кошаркарската селекција на Русија извојува победа над Аргентина 81-77 во борбата за бронзениот медал.

Дилемите за бронзениот медал ги разреши Швед постигнувајќи тројка која однесе Русија на +2. Аргентина имаше напад за победа но Носиони промаши а Фриџон ја запечати победа на “зборнајата“.

Херојот од малото финале Швед со 25 поени беше најпрецизен во составот на Русија. Кириленко уфрли 20 додека 19 постигна Фриџон.

Во големото финале вечерва ќе се сретнат Америка – Шпанија.

Мх.П.