Американскиот “дрим тим“ во реприза од финалето од Пекинг со 107-100 ја совлада Шпанија и го освои златниот медал на Олимписките игри во Лондон.

Шпанците пружија достоен отпор но немаа сили за пресврт. Најпрецизен кај “јенките“ беше Кевин Дурант со 30 поени, 19 постигна Ле Брон Џејмс, а 17 Коби Брајант. Во шпанскиот состав најпрецизен беше По Гасол со 24 поени.

Бронзена на игрите беше Русија која во малото финале ја победи Аргентина.