Македонскиот атлетичар Кристијан Ефремов во квалификациите го заврши настапот на Олимписките игри во Лондон.

Ефремов кој трчаше во четвртата квалификациска трка, делницата од 400 метри ја истрча за. 47,92 што е негово најдбро постигнување. Во неговата група победи Пиндер од Бахамите со резултат 44.92 сек.

Со настапот на Ефремов завршија настапите на македонската експедиција во Лондон. Сите четворица спортисти настапија со вајлд карти, а едниствено Ефремов успеа да го подобри својот резултат. Блажески, Маринова и Ристеска постигнаа резултати под своите можности.

М.П.