ОИ: Енди Мареј експресно преку Федерер до олимпиското злато
05.08.12 17:29
Британецот Енди Мареј триумфираше во финалето на тенискиот турнир на Олимписките игри во Лондон. Мареј до златото стигна во голем стил, победувајќи го светскиот рекет број еден Роџер Федерер од Швајцарија со 3:0 по сетови 6:2; 6:1; 6:4.
Ова е прв триумф на голем турнир за Мареј. Задоволството е поголемо, оттаму што тениските натпревари на олимпијадата се играат на терените на Вимблдон, каде тој неодамна беше поразен во финалето токму од Федерер. Но, денеска Швајцарецот немаше никакви шанси против расположениот Мареј, кој одигра беспрекорно точно, недозволувајќи загубен гејм на свој сервис и со брејк ги реши сите сетови.
Британија го слави Енди Мареј
Мареј, кој е 4-ти на АТП листата има можност да влезе во олимписката историја бидејќи само 45 минути по победата над Федерер, ќе игра за уште едно злато во финалето во мешани двојки.
Во малото финале кај мажите, Хуан Делпотро од Аргентина го совлада Србинот Новак Ѓоковиќ со 2:0 и го освои бронзениот медал.
Реванш натпреварот помеѓу Дукла Прага и Охрид од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп се игра во сабота, 21 февруари, во Чешка По победата над Дукла Прага овој викенд не очекува реваншот Некои работи...
Синоќа се одиграа првите плеј-оф натпревари во фудбалската Лига на шампиони Најинтересно беше во Истанбул каде Галатасарај и Јувентус одиграа спектакуларен меч со 7 голови во кој славеше турскиот г...
ГРК Охрид го совлада РК Бутел во натпреварот од 21 коло од Супер лигата кој се одигра вечерва во „Билјанини извори“ со 33:28 (полувреме 17:11) Статистика ГРК Охрид: Борозан 2, Стрмљан 2, Ојлески, Ј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.