Олимпискиот рекордер, според бројот на освоени медали, Американецот Мајкл Фелпс, кој во Лондон ја заврши кариерата, во разговор за „Wall Street Journal“  признал дека често му се случува да мокри во базенот.


Фелпс, рекол дека професионалните пливачи не се оптоваруваат со одењето во тоалет, доколку тоа мораат тоа да го сторат, тука е базенот.

„Мислам дека сите уринираме во базенот“, рекол 27-годишниот Фелпс. „Тоа е нешто сосема нормално за пливачите. Знаете, кога во базенот сте два часа, не излегувате од водата за да одите во тоалет. Хлорот се убива, така да тоа и не е толку страшно“, дополнил тој.

Фелпс на Олимписките игри има освоено вкупно 22 медали, од кои 18 се златни.