Американскиот пливач, Мајкл Фелпс, вели дека е среќен што на Олимписките игри ја одбрани титулата на 100 пеперутка. Третиот златен медал во Лондон е 21-то олимписки медал, 17-ти златен од олимпијадите за извонредниот Американец.

Фелпс во финалето на 100 пеперутка стигна до првото место со резултат од 51,21 секунди оставајќи ги зад себе Ле Кол од Јужна Африка и Корокишкин од Русија.

Фелпс најави дека трката во една од неговите омилени дисциплини е последна во кариерата, по Игрите тој ќе стави крај на кариерата.

„ Ова е добар начин да ја завршам кариерата, што се однесува до поединечните натпревари“, заклучи Фелпс.

Големиот ас во Лондон стана првиот пливач во историјата кој на три олимпијади – Атина, Пекинг, Лондон победил на трката на 100 пеперутка, претходно истото го стори на двојно подолгата патека.