Ракометната репрезентацијата на Франција ја совлада Швеска со 23-22 и го освои златниот медал на Олимписките игри во Лондон.


Триколорите успеаа во она што не им успеало на никоја ракометна репрезентација досега, да го одбранат златото освоено на претходната Олимпијада.

Ова беше последниот танц на Омејер и другарите кои најавија повлекување по овој триумф. Во мечот за треето место Хрватска со 33-26 ја совлада Унгарија.