Хрватската ракометна селекција се закити со бронзениот медал на Олимписките игри откако ја совлада Унгарија 33-26.


“Коцкастите“ собраа сили после поразот од Франција во 1/2 финалето и обезбедија ново одличје од Олимписките игри. На мечот против “маџарите“ брилираа Чупиќ со осум погодоци и Лацковиќ со седум. На голот “коцкастите“ го имаа Алиловиќ со 13 одбрани.


Малото финале е увертира за она што следува а тоа е борбата за златен медал на Франција – Шведска.

Мх.П.