Македонската пливачка Симона Маринова како последно пласирана го заврши својот настап во квалификациите на Олимписките игри во Лондон.


Таа трката на 800 метри слободно ја преплива за 9.28.41 што е за цели 20 секунди послабо од нејзиното пријавено време.

Наредна која ќе настапи на игрите е Христина Ристеска во квалификациите на трката од 400 метри.

М.П.