Репрезентацијата на Русија со неверојатен пресврт 3-2 го совлада Бразил во финалето на одбојкарскиот турнир во Лондон.

Бразил имаше 2-0 предност и две меч топки, но “зборнајата“ ги запре налетите на “кариоките“ и направи еден од неверојатните пресврти во одбојкарскиот свет.

За Русија ова беше прво злато во својата историја, додека Бразил слично како и во Пекинг пред 4 години мораше да се задоволи со сребро.

Бронзениот медал го освои Италија која со 3-1 ја совлада Бугарија.