Американскиот “Дрим тим“ забележа неверојатен триумф над Нигерија со 156-73 во мечот од групите на Олимписките игри во Лондон.
Кошаркарите на “Дрим тимот“ погодија 29 удари за три поени и имаа 63 насто реализација од ударите од надвор. Најпрецизен беше Кармело Ентони кој постигна 37 поени, Вестбрук 21, Брајант 16.
Победата на овие момци е најубедливата воопшто на еден меч од Олимпијадата.