Женската штафета 4х100 метри на САД го урна рекордот стар 27 години на Источна Германија, откако делницата ја истрчаа за 40,82 секунди и го подобрија рекордот за половина секунда.

Рекордот на составот на САД кој се закити со злато, Тиана Мадисон, Алисон Феликс, Бјанка Најт и Кармелита Џетер е само втор во атлетските дисциплини на Олимпијадата во Лондон.

Првиот синоќа го постави Дејвид Рудиша на трката на 800 метри.

Ohridnews