Репрезентацијата на Мексико го совлада Бразил со 2-1 и го освои златниот медал на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Лондон.

Фаворизираниот тим на Бразил се најде во негатива од два гола и тоа благодарение на Пералта кој погоди во првата и во 75 минута. Тронка надеж на “кариоките“ им влеа Хулк со погодокот во 90. минута. Во судиското надополнување одлична можност имаше Оскар но неговиот удар заврши замалку над голот.

По овој пораз Бразил остана без олимпискиот трофеј, единствен кој не го освоиле во својата фудбалска историја.

ohridnews