Празно шише од пиво, фрлено од првите редови на Олимпискиот стадион, паднало зад грбот на атлетичарите на финалната трка на 100 метри.


Според досегашните информации, шишето кое паднало зад грбот на Јохан Блејк, го фрлил гледач кој бил во алкохолизирана состојба.

Не е познато кого се обидел да погоди, но во врска со овој инцидент се јави холандската репрезентативка во џудо, Едит Бош, носителка на бронзен медал во категоријата до 70 килограми, која објави дека физички го совладала хулиганот.

„Пијаниот човек пред мои очи фрли шише на атлетската патека. Веднаш го совладав“, напишала Бош, која со сонародниците на трката му даваше поддршка на Чуранда Мартина.


Непознатиот гледач потоа веднаш бил приведен од страна на полицијата.

Усеин Болт, кој подоцна постави олимписки рекорд (9,63) и го освои златниот медал, беше шокиран кога дозна за настанот, од кој можел да настрада некој од атлетичарите.

„Не можам да разберам каков е тој човек, кој може да стори такво нешто. Но признавам дека не без свесен за летечкиот објект“, рече најбрзиот човек на светот.

Носителот на бронзениот медал, Џастин Гетлинг, спротивно на Болт, бил свесен за присуството на шишето. „Слушнав дека нешто падна на тартанот. Не знаев што е, но слушнав дека нешто падна. Пред стартот на 100 метри владее таква тишина, можете да слушнете и капка пот која паѓа на тартанот“, рече Гетлинг.

OhridNews
извор:„Макфакс“