Бразил – Италија и Бугарија – Русија ќе играат во завршницата од одбојкарскиот турнир на Олимписките игри.


Италија го шокираше бранителот на златото САД победувајќи со максимални 3-0. Идентични победи забележаа Бразил над Аргентина во јужноамеричката пресметка, Бугарија над Германија односно Русија над Полска.

Селекциите на Србија, Црна Гора, Италија и Хрватска се полуфиналисти во ватерполо турнирот на Олимписките игри во Лондон.

Хрватските “баракуди“ се во полуфиналето по цели 16 години, откако со 8-2 ја совладаа селекцијата на САД. До место меѓу најдобрите четири на турнирот со победи 11-9 стигнаа Црна Гора и Италија победувајќи ги Шпанија односно Унгарија. Четворката ја комплетираа српските “делфини“  кои со 11-8 славеа над Австралија

За место во финалето ќе се борат Црна Гора – Хрватска односно Италија – Србија. Полуфиналниот дуел ќе се играа во петок, на 10. август

Мх.П.