Некогашниот светски шампион на 100 метри, Ким Колинс од Сент Китс и Невис е исфрлен од Олимписките игри во Лондон, откако во хотелот, во кој била сместена неговата репрезентација се сретнал со својата сопруга.


Овој 36-годишен спринтер, кој по петти пат учествува на олимпијадите и кој на церемонијата на свеченото отворање го носеше знамето на својата земја, го прекршил необјавеното правило на националниот Олимписки комитет и ја заработи најтешката можна казна.

„Дури и затворениците имаат право да се гледаат со своите сопруги. Не можам да ја разберам оваа одлука, како што не го разбирам фактот дека нашата земја ја претставуваат шестмина спортисти и дури девет официјални лица. По ова никогаш повеќе нема да трчам за Сент Китс и Невис“, рече Колинс.

Атлетичарот, по повод овој необјаснив настан доби поддршка од поранешните и сегашните противници на атлетската патека.

OhridNews
извор:„Макфакс“