Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Потро испишаа нова страница во олимписката тениска историја, откако во полуфиналето на Олимписките игри, одиграа меч кој траеше четири часа и 25 минути. Првиот носител на олимпискиот турнир Федерер забележа победа од 2:1 (3:6, 7:6, 19:17).
Федерер и Делпотро го урнаа рекордот според должина на еден тениски меч на олимпијадите кој пред само три дена во осминафиналето го поставија Цонга и Раониќ.
Противник на Федерер во завршниот меч на олимпискиот турнир е Енди Мареј кој во полуфиналето го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-0 (7-5,7-5).
Шарапова против Серена во олимпиското финале
Серена Вилијамс и Марија Шарапова ќе играат во финалниот меч на тенискиот турнир на 30-те Летни олимписки игри во Лондон.
Двете тенисерки, мошне лесно и убедливо ги добија полуфиналните мечеви против Викторија Азаренка односно Марија Кириленко.
Руската полуфинална пресметка и припадна на Шарапова која ја победи Кириленко со 6:2, 6:3 за 89 минути игра.
Лесно низ полуфиналето мина актуелната шампионка на Вимблдон, Серена Вилијамс која буквално ја збриша од теренот првата носителка Азаренка. Мечот кој траеше 63 минути Серена го доби со 6:1, 6:2.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com